

Установата продолжува да работи согласно одлуката за утврдување на мрежата на јавни установи за социјална заштита бр.19-568/1 од 18.11.2008 година донесена од Владата на Република Македонија.
Согласно Одлуката за утврдување на мрежата на јавните установи за социјална заштита бр. 41-2743/1 донесена од Владата на Република Македонија на 1.05.2013 година (Службен весник на Република Македонија бр.67/13), Установата продолжува да работи како јавна установа за социјална заштита-Јавна установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Кочани, со надлежност за подрачје на Општина Чешиново-Облешево и Општина Зрновци.
Установата е јавна установа за социјална заштита со јавни овластувања, чија надлежност и дејност се утврдени со Законот за социјалната заштита, Законот за заштита на децата, Законот за семејството, Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за правда за децата, Законот за азил и привремена заштита, Кривичниот Законик, Законот за кривична постапка и другите законски прописи.
Развивањето и спроведувањето на вонинституционални облици на социјална заштита и други дејности се остварува согласно Закон, Одлуки на управниот одбор, спроведување на програми и други општи акти од областа на социјалната заштита, донесени и финансирани од општината, експериментални и развојни програми, како и преку спроведување на истражувачка работа во оваа област.
Од Делокругот на јавните овластувања Установата ги има следните овластувања:
– Решава за правата од социјална заштита утврдени со Законот за социјална заштита;
– Решава за работите утврдени со семејно-правните прописи;
– Решава за правата утврдени со Законот за заштита на децата и тоа: детски додаток, посебен додаток, право на еднократна парична помош за новороденче и родителски додаток за дете;
– Постапува по работи утврдени со кривично-правните просписи;
– Открива, следи и проучува социјални појави и проблеми;
– Применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита и непосредно им помага на граѓаните, семејствата или група население;
– Поттикнува и презема превентивни дејствија во рамките на своите овластувања;
– Развива и спроведува вонинституционални облици на социјална заштита;
– Потикнува, организира и координира волонтерски активности на граѓани, зруженија на граѓани, хуманитарни и невладини организации во спроведување на програми од социјална заштита на подрачјето на Општината.
– Изготвување на планови, извештаи и општи акти на Центарот.
– Води евиденција и прибира документација за корисници од социјална заштита, за применетите облици на социјална заштита и за тоа поднесува извештај до Министерот за труд и социјална политика;
– Врши и други работи утврдено со закон.
Број на вработени во ЈУМ ЦСР КОЧАНИ
Служба за административни и помошно – технички работи: 8 службеници
Служба за права на парична помош: 10 службеници
Служба за услуги од социјална заштита: 4 службеници
ЈУМ ЦСР КОЧАНИ активно соработува со:
- СО Кочани
- АВРМ – ЦВК
- УЈП
- МВР – ПС Кочани
- ФЗОМ
- ПИОМ
- Основен суд – Кочани
- ОЈ Обвинителство
- НВО